јазлест прид.

јазлест (прид.)

Рачката на дувалото стои тенка, јазлеста во полутемнината на аголот од оваа соба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така, јазлестиот, цврст трупец доби име Јурук.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот мораше да го чува. Одбра едно подебело, јазлесто трупче и го стави да тлее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се изждрига шетајќи по гаќи, ја изжабурка устата над чешмата, ја фати перницата под брада и истиот час загрчи како да заструга јазлеста цепаница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го сечеше текот на јазлестото корење за да овозможи некаква правда во градината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)