Баварија име.

Баварија (име.)

Ене го, Жан Мартин застанува пред терасата на локалот „Пергола“, го вади својот маслен халпцилиндер и го покрива темето со остра перика на малоумен баварски селски ѕвонар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Цела Баварија беше под снег, а на минхенската страница беше уште постудено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Грција е прв крал баварскиот потомок Ото, и се раѓа еден Леополд (под протекторат на еден Леополд ќе се создаде колонијалистичкото Интернационално африканско здружение), и се раѓа американскиот засмејувач и исмејувач Марк Твен, врсник на рускиот сатиричар Минаев, и една јармодржечка сенка ѝ ја отстапува круната на другата што се надвиснува над подјармени народи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, кога во едно интервју Дишан го коментираше ова патување објаснува дека патувал во главниот град на Баварија во посета на еден сликар на крави кого го запознал пред неколку години во Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Па несреќниот баварски крал Луј Втори?! Само прашајте ги Баварците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Практично дојдов кај Вас за да Ве поканам на човечко дружење”.  „Мојата позиција, знаете е специфична”, рече Беренц, кревајќи ја главата и одново заменувајќи ја срдечноста со резервираност.  „И мојата беше во Минхен, па сепак го восприемав и градот и Баварија со сите духовни сетила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)