Дебар име.

Дебар (име.)

И вистина дијалектот велешко-прилепско-битолско-охридски е јатката на македонскиот јазик, зашто на запад од него е дебарскиот (рока), на југ – костурскиот (ронка), на исток – источниот или солунскиот (р’ка) и на север – скопскиот или северниот (рука).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Фроса поведува песна Кате и Паре ја придружуваат) Ќе те граби, џанам, ќе те граби со дебрани, аман, со дебрани, Со дебрани, ќерко, Со дебрани и мокрани!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ваму германската војска се точка и тече како река и оди за Дебар и Албанија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еднаш за вас зборуваше како за „способен младич од Дебар Маало кој далеку ќе дотурка”.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
САРА: Како се живее во Дебар Маало?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Низ него поминува регионалниот пат Гостивар - Дебар и Гостивар - Кичево.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Капетанот Мекдоналд во штабот на СОЕ во Каиро бил подготвуван за областа Дебар и Кичево.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Овие успеси ги принудија Германците да соберат нови сили, особено балистички од Струга, Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово, па дури и од Косово, и на 8 мај да преземат офанзивни акции против Првата македонско-косовска ударна бригада, кои траеле сѐ до 15 јуни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со тоа делот меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево повторно станал слободна територија.175 Успесите на Првата македонско-косовска ударна бригада во Западна Македонија како резултат го имале повторното разбранување на вооруженото востание во овој крај и големиот прилив на нови борци.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Ми треба само место, бегу ефенди. Пари имам, а ќе викнам тајфа мајстори од Горни Дебар.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Читам на Интернет како сме го попушиле на самитот на НАТО во Букурешт: само Америка нѐ поддржала, а сите останати си свиркале загледани во плафон, бетер од дебарски молери!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Најзиниот прв чекор бил направен со отворањето на училишта во Македонија и поставување на владици во Скопје, Велес, Дебар, Битола и Охрид.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но по повторениот германски напад, известува новинарот, градот Дебар повторно паднал во рацете на Германците и балистите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, свое место на страниците на печатот нашла и информацијата која се однесува на борбите за Дебар од крајот на октомври до 3 ноември, кога бил одбиен нападот на балистите и Германците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На страниците на печатот се нашле информации за ослободувањето на Дебар на 9 септевмри 1943 од страна на македонските партизани во содејство со албанските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Фотографијата била направена во дворот на семејната куќа во Дебар Маало, во 1971 година.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За тој збор народски да живи, под клевета тешка, од грчки свештеници, во Дебар го затворија ене, клетници, во ќелии сиви.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе