аирлија прид.

аирлија (прид.)

ДИМО: Е, аирлија да е! (Го гали детето по главата). А чие е?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
А моите внуци, еден господ знае што стока ќе бидат. Ама нека е аирлија
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ДИМО: Аирлија да е… Здравје да имаме. (Излегува. По него излегува и Ленка.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Е, па добро ми дојде в куќи ако е аирлија!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАН: (Крева барде со вода, а мисли на вино). Аирлија нека е, што работевме! ЗАФИР: Не ти оди благословот со вода...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Готова работа, аирлија кумство! Еве кумовите се враќаат.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Аирлија да биде, поп Јанче во куќава моја! (оди и го дочекува бакнувајќи му рака) Како така ти во куќава моја без себап?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Си дадоа збор, се... Аирлија си рекоа. Мене Николаќи ми бакна рака!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Та така, си дадовме збор преубав. Аирлија си направивме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Е, речите „аирлија“, дедо Ристе, и ти, дедо Петко. Јас кандисуам, ваква каква е Доста да а зема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така со „добро утро" со „живот со здравје", со „аирлија, амин", си дојдоа каде „Волча жила".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе растиме, невесто Досто, ќе работиме ние со Нешка и ќе се гледаме. Токо, де речите „аирлиа да е саатот", и чините ми а алав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Добро, нека му е аирлија работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, аирлиа работа, побратими! — викна со растреперен глас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Аирлија! - ќе ти рече продавачот. - Нека е со среќа!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Врват луѓе, нѐ гледаат, се пресмеваат. - Аирлија, велат луѓето. - Амин, вели Јон, бериме сливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си одиме и кој како ќе нѐ види ќе праша: - Аирлија, Јоне, што правите во Дрмине, што ќе правите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Било, како ние што викаме „аирлија работа“. Ќе те мислат нем, ако не речеш „аирлија“. Ама кој знаел. Дури отрпнавме, многу глави се скршија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе