актив (м.)

Ја водев гимназиската библиотека, а како секретар на четвртиот средношколски актив успеав да го добиеме преодното знаме на младината на селото од рацете на Ѓорги Кироваков.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Димитар Керамичиев, Спасе Аврамовски, Кицо Нушков, клас поназад, си дозволија, преку дворот на ресторанот, од едно џепче во кое гледаше едно прозорче од задното крило на гимназијата, да ни уфрлат рачна бомба додека раководството на активот држеше состанок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Поради некаков состанок во гимназијата за избор на раководство на четвртиот средношколски младински актив ( ме избраа и мене во раководството) и поради некаква проба не сум имал многу време за со него, ама сепак е запишано И тогаш кога јадев Ичо раскажа како го презеле Воден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Особено голем политички успех бил постигнат со формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонски народноослободителен фронт (СНОФ)323 кој работел врз македонска национална платформа, со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, како и посебен партиски актив на Македонците во Леринско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК