амортизер м.

амортизер (м.)

Ја расчукавме, оските ги скршивме... Гледаш, овие федери ѝ беа амортизери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А кога постариот брат влегуваше во политиката, главен советник, амортизер на неговите занеси, радикални замисли, засилени реакции, избрзувања, илузии, беше татко ми...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сум му сменил шест чифта амортизери. Триста и пет свеќици. Единаесет полуосовини. Дваесет зглобови. Тринаесет ламели. Четири карбуратори. Лагери. Хилзни. Дихтунзи. Гуртни. Ауспух. Бандаж.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
На шизофреничарот му се потребни дополнителни амортизери за сетилата за да се чувствува пријатно во својата околина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)