баба (м.)

БАБА АНЧА: (сама). Уф, уф, уф, блазе на тој што ќе ја земе. Блазе и најблазе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Донеси го кај мене в кревет. Да се стопли, бабо. Така заедно ќе оздравиме.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Викна: - Мамо, ова е стомна! Тато, ова е стомна! Бабо, ова е стомна!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па од страв од самовилите, освен нив овчарите, уште само некоја куражна баба, ако ѝ беше таква нуждата, крајна, и ако можеше да јамчи за својата безгрешност, смееше да отиде таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Баба ми се смееше и тоа го забележав по белите прекрасни заби што ѝ блескаа во темнината окружени со усни премачкани со црвен кармин. Ама, смеењето не ѝ го слушав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со Љубица ќе си играте, јас скоро ќе дојдам. Ѝ одговорив: Добро бабо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Истрчува баба ми и ми дава некоја чаша полна со бубачки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
-Ќе имаш мачка сосе мачиња налето кај баба Мирјана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ајде бабо, и мене ми е желба да го гушнам внукот!“ го гушна дедо Владимир.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А, ако ти е све преку Тасе, плус, рецимо, ти се свиѓа ова што е погоре кажано, па уште ако се пронајдеш себе си у мотивите на мојата маленкост – Митре Стрелата, ти си дефинитивно спремен да го дигнеш сидрото и да се запрашаш: „Бабо, бабо, а кај да се отиснам?“
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
II Баба остана како светилник во длабоката ноќ на брегот на Езерото да го осветлува со својата внатрешна светлина патот на чунот во темната ноќ во кого беше нејзиниот постар син со своето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разнесе смеа, а полицаецот ја фати под мишка, ја тргна настрана велејќи и на грчки: - Бабо оди си дома и остави ги луѓето да си зборуваат како што сакаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Бабо мила, ајде, бабо мила, крени се...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Нели, мила бабо, Светиите Господови, Свети Илија и Свети Никола - ќе ни помогнат и овој пат добрината да ги наваса деветте кучки ламји?!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ја виде само воловарчето, кое на врат на нос потрча во селото и задишано, удирајќи со стапот на дабовата порта, на сет глас викаше: - Бабо, бабо, дај ми муштулук, тетка Фимка пови чупче!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи