бадијала прил.

бадијала (прил.)

Толкумина ги имаат оставено коските по планините и сѐ за бадијала.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А тоа чкрапнување не е за бадијала, (се чешка со прстот пред срцето) некој молец го јаде овде. (Оди и се гледа на огледалото.) Пак што, од мене поубаво ќе најде?!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Неоти ти ќе сакаш да го ограбиш свети Горѓија, нито пак тој сака да му служиш бадијала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Ама пак не ќе биде бадијала сето воа.“ Дните си врвеа редовно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оти, не за бадијала мариовките велат „разбој — разбола", а „вурка прошетка".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Видиш, - рече Шишман. - Добро оти ти текна. Бадијала ке го расипевме пликот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Друг пат напомни ми, голем ум бадијала ќе ти дадам...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А денеска ќе чисти за сметка на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За бадиала ви е муабетот, за бадиала сете благословии. Не се страмите, страм да ве јаде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не седи бадијала, да не знае што да прави. Ко Јона мој, во браздана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Магаре едно, мрзливец, за ништо неспособен, што, што си направил, бадијала го јадеш лебот, бездарник, - со најнавредливи зборови го удираше секој час, просто го газеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
ЕВДОКИЈА: Бадијала, Мане. Касно е. Не чувствувам ништо за тебе.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Бадијала им се нив добрите совети, бадијала.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ја има својата менопауза, своите месечни циклуси, целата таа генитална апаратура која е мошне чувствителна; Ништо не правиш бадијала.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- И Лиле секој ден одеше и тропаше по фирмите. Бадијала. Уште не се слушнало дека ќе примаат некого - тој веќе е примен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Б бадијала - без пари, бесплатно, залудно батакчија - измамник, неранимајко башибозук - нерегуларна војска, паравојска беља - несреќа, невола, мака, тегоба, искушение берат - повелба, декрет, заповед, издадена од султанот, со која се давале разни права, привилегии
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- А можеби имаш право, оваа работа бара коњска енергија.  - Јас ти реков: бадијала седам, бадијала не работам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не бадијала се вика Карабуниште, и тоа под Голешница, гола планина, ни дрвце ни изворче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе