баш (прил.)

Баш така Библијата како со балсам ги слади неутешените гради ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Земјоделци, служители на Деметра баш така шепотеа за гласот зол, а жените, штом чуја, писнаа од силна мака и коси корнеа од бол.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Баш си го избрала! Подобро ќе е маѓијата да не ти се фати…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
СПИРО: Не е најлошото, за среќа, го сретнав брат Арсо баш кога киниса на лозје.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Данче погоре го поткрева фустанот: Баш ми е гајле, ако сакат и келнерот нека го исправат овде да им запее...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не ми е баш мило да лежам во вошките. Што можам јас?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Баш на нас да удрите. На комадантот мон. Јок го сторија. Поради вас.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Море, ќе те дера како јаре на стриг, само ако ми падниш некогаш“ — си помисли во умот Бојко, очигледно изненаден што набаса на потерата баш кога не требаше. И навистина лошо попадна Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но се виде дека бегот сака да си го осигура неговото Кате и предложи да му го наметне на Толета баш него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе му дојдеа пријатели дома, ќе им речеше ѓаволесто: „Денеска не мислев да пијам баш - но ќе се кандисам за атерот ваш...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Попот се мачи да зборува, ама и нему нешто во гласот му трепери, му го потсекува зборот. Не му е баш сигурно - кажувањето. Како и тој да не си верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа не се баш истите песни и приказни што ги слушаше од дедо му – детското љубопитство денес го храни моќниот сезнајко телевизијата, и внукот, и покрај побелените влакна во косата, е понекогаш едноставно човечки немоќен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега ми ги потокмува панделките од врзувањето на темето. Баш би сакал да видам како ми стои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добро, не баш само нам туку и на клинците од соседната улица. Може и кралица да бидам“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Па не баш. Плочата останува неподвижна а грамофонот ротира околу.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Целата работа, значи, се движи кон процесирањето низ DSM-III поради наплата на осигурувањето, а осигурителните друштва исто така се свесни за целава ситуација, додека пациентите и роднините не се баш.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Ж: Е, баш сте умно ѓаволче. Ми ја уништивте приказната.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Ако гледаме од национални рамништа, не може баш многу да се стори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Замислете какво атерирање и, да е иронијата уште поголема, баш тука пред Аероклубот, на ќошот пред споменикот на Стив Наумов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК