бензински прид.

бензински (прид.)

Се сети на запалените бензиски складови, на високите фонтани, на истрелите во ноќта.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Кој ги запали бензиските складови?“ Удари, удари...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Германецот бара да престанете со пеењето. Ноќеска го убиле брат му кај бензиските складишта. Заканува, ќе пука.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога стасаа другите двајца, Змејко веќе седеше крај печката, направена од големо бензинско буре, што се разгоруваше, а на ѕидот од греди висеше неговата пушка, сосема сува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истанбул, има многу коли, многу бензински станици, многу сервиси, уште повеќе продавници за автомобили и за делови за автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Штом слезе на бензинската пумпа, ѝ се изгуби од пред очите, и по некој ден се врати во хотелот во Александрија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едно момче па, со мустаќи, уште од прагот праша: - Тетко Анке, да не знаеш каде е Шекер. - На бензинската, денес претпладнево е на смена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И ќе забревта бензинскиот мотор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Облечен е ко работник на бензинска пумпа, малку-по малку и станува работник на бензинска пумпа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сите знаеја дека тие места се поради издувните гасови: крстосницата кај народна и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, кај плоштадот Слобода и кај бензинската пумпа на Авто-мото сојузот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На Ване му стана јасно дека нема да се откачи од Гера додека, барем на трчаница, не го повторат патот од меѓумаалската полјанка со одраните колена до шарената кошула на Геро и неговата бензиска запалка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Малите мотели, салуни и бензински пумпи како ретки островца се издигаат над тој правлив океан, во којшто видливоста досегнува подалеку од човечкото око, а природата те опоменува дека во животот можеш да бидеш само емигрант, никако турист.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во непосредна близина, долу на патот, на нецели петнаесет минути пешачење, на Јужниот булевар и автопатот Еурека, се наоѓаше гипсено малтерисаната бензинска станица, со светликави црвени пумпи, каде што работеше нејзиниот братучед Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стигнавме до големата современа бензиска пумпа лоцирана пред влезот на пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Крнтијата го продолжи своето трескаво патување, по патот покрај бензинската пумпа каде што работеше братучед ѝ Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Човекот направи пауза, а потоа додаде како дополнување на мислата, ”Она одела накај бензинска пумпа.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лево – голема, прекрасна бензинска пумпа со плац на кој можат да се паркираат неколку десетици коли и камиони, ресторан, кафеана, продавница со секакви делови за автомобили и самопослуга со прехранбени артикли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе