бигорен прид.

бигорен (прид.)

Седнати еден спроти друг Таа загледана во светулките зад него Тој во бигорните крстови зад неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А јас нѐ истркалаа по лицето на ридот како скаменета солза прободена во срцето од бигорна мака од прокуда и клетва.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во таа ноќ додека главите на непокореноста заседавале, помеѓу две ѕидни ламби во куќа на угледен домаќин, меѓу нив и Питу Гули со пресна дупка од куршум во слабината, некаков Татар или Монгол или Черкез и пак со име Татар, турски дезертер и негов приврзаник, му го повел белиот коњ да го напои од бигорното корито на чешмата во дворот на една од неколкуте цркви.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На рамна плоча пред пештерата - бигорна ги спуштија бовчите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сами двете - во планината, во пештерата - бигорна...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тогаш послабите се вовлекувале во скришни дувла. - Дувло ли е пештерата - бигорна ?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)