бинго ср.

бинго (ср.)

Гарантирам дека родителите ништо не им оставиле, ниту добиле на Бинго, ниту пак Ѓоко у слободно време дила дрога на малолетници... Чесно го заработиле секој долар.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Секако, цели триесет години по паѓањето на комунизмот земјата живееше во константна економска криза и за многу луѓе работата во секретаријатот и останатите државни служби беше како добивка на бинго.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кругот на потрагата се стеснуваше. - Бинго! - помисли Јана - со децата си играле „пинг-понг“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)