благопријатен прид.

благопријатен (прид.)

Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разгледаа над мост, под мост, но и тука положбата беше благопријатна за него – немаше буен врбјак каде што би се скриле бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И сето тоа можело да се доживее само таму, високо, каде што нашиот незабележлив граѓанин и херој, Поетот, го поминува благопријатниот и посреќен дел од своето време.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се исплашија дека не само што не ќе имаат можност да ги допрат наследените пари, туку постоеше реална можност да го загубат и Томо, сигурниот извор на пари, златниот рудник од кој секогаш црпеа за благопријатното живеење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)