богослов (м.)

Тогаш му се стори, или некогаш другпат, но секако таму на планина, пред или по средбата со бившиот богослов, дека таа му говори а секој нејзин збор беше како игла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Остана да седи на земја кога богословот влезе во првата куќа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сепак, глупаво е.“ Лицето на богословот се менеше, стануваше разумно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со оган каков што над Содомија го видел Св. Јован Богослов...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
6 Петтиот ангел од Откровението на светецот Јован Богослов од Новиот завет непрекинато и во паника дувал во долга труба од чиј сјај и водите ослепувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)