бодеж м.

бодеж (м.)

Јована го штрекна бодеж в срце и си помисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Помодрувам и јас така од бодежи, ама, си велам, ќе помине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А, да го изгориме со лута вода. Малку ќе попрестане. Ама после пак ќе се јават бодежите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го изострува врвот на конецот и прави куси бодежи како со сабја за да го вовре во иглата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Патем корнеа колје, претрчуваа до дома да земат кој вила кој пушка, жените ги грабнаа анџарите од готварниците, децата се наоружаа со бодежи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Станував сигурен дека секој мој изговорен збор во вербалната арена со водичите, ми се враќаше како силен бодеж во душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, елените не разговараат со играчки, особено кога се мамурни, а играчките почнуваа да се жалат – ту како некоја си ја шинала ногата или го исчашила колкот, како си ја потстругнала главата, или ѝ побегнало тркалото, приколката, па ти бара клуч, шрафцигер, ту ќе ти побара да ја подмачкаш со ова или она, небаре така ќе и престанат бодежите во слабината...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Бодеж од страв му помина низ телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше крик на очајник, крик - бодеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се случувало и со насмевка да го искажам бодежот на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓутоа, трипати поголем од плодот е трнот на трненката, кој е на штрек во сите сезони на годината и ја брани грмушката, било таа да фрла ластари или да држи плодови, сѐ додека не го замени нова генерација со истите бодежи од бајонети.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што им е на овие бодежи под срцето?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)