боли несв.
боливач м.

боли (несв.)

Но од тие каприци не него, а нас Македонците ќе нѐ боли главата, како што и нѐ боли веќе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете, толку години поминале, а меракот трае и тлее како запретан жар во срцето... И само пече и боли.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
6. Исцедете, ограбете пот и труд и меса голи, уста пуста затворете да не каже оти боли.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Болка боли - болка гори болка тече, душа мори.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ајде, посмеј се и ти, запеј им некоја за нив да видат како боли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сам кога ќе се удри човек, некако, како помалку да боли отколку друг кога ќе те удри.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Така си е, ама јас сум ѝ вујко, мене ме боли...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во главата му шумеа зборовите на командантот, а во душата го болеше: сета надеж, сета онаа одушевеност, со која што утринава дојде овде, пропадна и како да се потопи во матните води на блатото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А тебе што те боли?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Добро, стани, меко рече жената. - Не можам. Навистина, ногата ми е скршена. Боли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше тргнал сношти повеќе од пагурчето по случај успешно свршената работа, та почна да се жали дека нешто глава го боли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Јас си го гледа моето Толе со мустачињата, та за туѓа брада ич не ме боле. — Се правеше Доста рамнодушна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша: — Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас не можам да поднесам кога ме боли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ боли, небо. По тревата на звуците познати легни ме.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Вилиците на кловнот се вкочанети, неподвижни. Ретките, расклатени, и разјадени заби стиснати се еден врз друг. Од уво до уво, тие болат во коренот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Болат, ја уверував. Крпите болат, пак ја уверував. Знаев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Застана над железниот кревет и се загледа во бескрвното лице на ранетиот. „Боли?“ праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе