болнички прид.

болнички (прид.)

Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја собра главата во рамениците. Металната покривка на болничката кола се оддалечи од него, стана безопасна за јаката черупка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А кај вас, има ли некого кај вас, пријатели?“ „Но ние нешто чувме“ , се заплеткаа недораснати да му бидат рамни. „Мислевме - не ви е арно.“ „Не ми е арно“ , им рече. „Мизерна ноќна осаменост и ситна болничка надокнада во превивка и јод.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Две години не го напушти болничкиот кревет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Болничарката Стевка дотрча со болничка торба, му поднесе под носот шише со амонијак.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но, сепак, на неговата најневралгична артерија- по улицата која води кон врвот „Мон Валеријан“, каде што болницата „Фош“, можеби безброј пати, и дење и ноќе, се разнесува пискотливиот и морничав звук на болничките коли, кои јурат со вратоломна брзина носејќи болни за чиј живот секоја секунда е пресудна а кој можеби, ќе им го спаси професорот Гио или некој друг хирург.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неа имало околу 2.000 болнички кревети, располагала со сета најсовремена медицинска техника, а што е најважно, во неа работеле и најголемите и најпрочуени лекари- хирурзи, научници што ја разнесуваат славата на болницата низ целиот свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тропаат канти и болнички носилки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„На болничкиот кревет, в гипс, не ќе му текне да поткрева момински поли.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми чукаат инструменти од болничката ковачница: клешти и виљушки, пили и сврдли, ножици и маши, пинцети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се заинтересира со двајца во бели мантили кои брзајќи се појавија во длабочината на болничкиот влез.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во целиот болнички круг немаше никого освен персоналот и болните; болницата се наоѓаше на голема висина; Рене беше во свечено расположение; осветлен со својата осаменост, далечен и студен, со сестрите разговараше за работата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Елена се упати кон болничката зграда. Одвај ја пуштија внатре. Ја придружи болничар.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знам дека сфаќате оти јас воопшто не се сомневам, дури ни не помислувам дека некој од болничкиот персонал можел да биде соучесник во исчезнувањето на Загорка Пеперутката!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка, со последни сили, се префрли во носилката. Се најдов во болничката кола.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не коментирав ништо. Сестра ми јави дека стигнала болничката кола.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вечерите ги поминуваме сами со нашите цимери, а ноќта, кога Марија заспива, Дејан низ темницата се мушнува во мојата соба, се пикнува под болничките чаршафи и водиме љубов на разнишаниот метален кревет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
После прочитавме дека малата пак се накркала со апчиња, а браќата фотографи имаат болнички инсајдери што ги информираат за такви настани.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе