брав (м.)

Дружината вешто ги одра, а потем ги стави на ражен бравите гојни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
За тоа, пак, се грижеа Ариф и Злате, кои секое утро ги прибираа ведрата со млеко, мисурките со мед, погачките, шишињата со ракија и го колеа бравот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Така, така. Си го погодил чорбаџи Дано. — Го фалеше Лесната бравот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Првиот брав да нема маана — велеше Лесната, кога Чолакот рече оти прв ќе донесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кметот и азите беа се распоредиле и за ручек, беа нарачале да се донесат дветри овци, брави; да се осучат мазници и неколку кокошки за муљазимот, чаушот и онбашиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од селото Букри, во полето, пред носот на валијата и пашата, беа собрани триста овци млекарици и двесте брави пак од контракчијата (лиферантот за војската).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку наши луѓе сме, си живеал со татко ми, да ти кажам отворено: Ние сме дојдени навистина по бравите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„На врв бука чекутка, на чекутка метла, над метлата пештера, над пештера воденица; два плота, на плотот соленица, до соленици две погачи, над погачи две кандила, над кандила две пијавици, до пијавици два лилјака, над лилјаци бел тарун, над тарунот честа гора и во гора диви бравци...? А?” „Хмм, тоа е... Тоа е: снагата човекова, потоа главата, брадата, устата, мустаќите, носот, образот, очите, веѓите, ушите, челото, косата и вошките...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Селото навистина веќе мирисало на свадбарски чорби од пресно бравско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Илчо Просинек бил малку поголем од мене и можел да изеде за вечера недопечен брав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоеше меѓу обесените бравови, и самиот небаре обесен на ченгелот од бегот. Само што не знаеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)