брег (м.)

Одненадеж народот врати со плач на плачојте како бран врз бран во брегот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Колку за гемија, Силјане, околу нашава земја не е чаре да може да дојде, чунки бијат талазите во бреговите и околу наоколу бреговите се спили и камења.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога Бугарија со шум сакаше да го реши македонското прашање, водена за носот од македонската емиграција, Србија тихо, со голем успех работеше во Македонија наполно согласно со српската поговорка: „Тиха вода брег рони”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа ти велам: на брегон, па кога ќе здогледаме некого што не е за кум, молчи зад дрвјето, а ќе наиде ли некој поимашлив, буп! детето пред него...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Покрај ниви, покрај лаки покрај сниските брегови, вода тече - вода влече селски с'лзи, селски маки селски таги и јадови.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Течи ми водо студена! Течи си — рони брегови! Течи - и нам низ срцето нели и крвта ни тече?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
3. Два брега - двата стрмнини.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Со мислите се веќе таму, во бригадите, кај што се бие страшен бој, кај што стануваат чуда, се уриваат карпи и брегови, а мочуриштата како лопата некој да ги црпи, ги снемува од плодното поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ој, Вардаре, бистра водо, течи, шуми низ долови, рони карпи и брегови, носи маки и јадови.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Погледна преку река, а таму децата наседнале на гредата што ја имаа спрострено на другиот брег, и ситејќи му се, го гледаат што ќе прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Галебе мој, не слетувај на моите очи. На тие брегови откинати ниеден пристан нема.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Падна на ридот, еден штрк сонува брегови зелени. Му сѐ привидува дека е пак со јатата иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Кога ќе се разбранам и толку развилнеам та да се кренам, да стигнам насекаде, да давам секому сѐ што ветувам и како далга неукротена од брег на брег моќно да прелетувам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сал ритамот плиска по брегот на железото.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас знам дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со пликови), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На речниот брег песокот чкрташе под неговите нозе, оној песок што беше некогаш издробено сонце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе