брои св. и несв.
броило ср.

брои (св. и несв.)

Кого треба да го бројат на конференцијата: Бугаринот, Србинот, Гркот?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Егзархистите, сами и од турските власти, се бројат за Бугари, Србите пак ги бројат Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Советска Русија голема држава и она ми брои двесте милиони.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ете, кукавицата земи ја. Таа е бездомник, скита низ гора и им ги брои часовите на старите луѓе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некогаш дваесеттриесет куќи, денеска брои двесте без некоја.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Е, не се тргаат. Седум, осум, девет, којзнае колку се сториа. Не знам веќе ни да ѝ броа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И не само да везе и брои, ами Доста запна да направи вистинска домаќинка од ќерка си.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ги брои тешките чекори, пресметува, погодува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Најспокојно размислував во движење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И веќе не говореше тој туку студената цевка на пушката: „Ќе бројам до три. Ако не се разоружаш, ќе пукам. Еден...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите тие слугинки ќе ти бидат, а тие ќе заповедаш и ќе броиш алтани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брои. Збрка. А и што има да се брои.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега брои на прсти - колку години не спрострела на сонце дреи и да си избели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не фолираше: се мачеше, беше жив грч и броеше еден, два, три, четири, пет, до илјада и двапати повеќе и пак сонот не можеше да се провлече под рампата на неговата свест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе го гушнеше до себе мачорот Сурко и ќе му зборуваше: - Кога ќе пораснам, Сурко, ќе научам да бројам многу, многу, па една вечер ќе ги избројам сите ѕвезди. Ќе ги избројам до една...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И Патрокле (нека му ги бере гревовите ортакот) ги брои тука деновите, ги дели ноќите со виновниците и со од мајка неродените. Сѐ заради ортакот - „човек лукав и вреден“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо ги брои секундите. Му се стори многу време минало.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа смеа му помогна да одмине уште шест стебла нагоре. Сега ги броеше сите одминати стебла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потем внимателно боеше.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК