був (м.)

Нешто како був низ соба им лета, покривот над глава им го крши, прасињата во свињарникот им ги дави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Главен судија за овој крај беше еден стар був, што живееше на таванот од една полуразурната, напуштена куќа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ова решение стапува на сила веднаш. Осудениот нема право на жалба. Судија Був Тавански“
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се прибира само навечер да преспие и да го собере данокот - по некое јајце - од птиците кои му прават гнезда во куќата: гумнарче, плетварче, тресопатка, дрздалец, саријазма, конопарче, снегарка, гал, грлица, костенарче, сипка, штрк, був и други.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога стигнуваат пред првата спила, во којашто се најдува седелката на бувот, Максим, испулен спрема пругоре, миг, два, размислува од која страна да се искачи дотаму, до седелката, скришум, за да не го исплаши бувот па тој да излета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ланската година, во пролетта, кога Јаузоските раетини кршеа камен за новата кула Јаузоска, Андон Анѓелов Јанчески, вториот Анѓелов син, бил искачен најгоре на спилата и како што измавнувал со чеканот, однатре од спилата бувот му се џитнал право в лице и додека Андон се тркалал прудолу по спилата, тој, бувот, како од праќа фрлен, се изгубил во шумата под Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И нас ќе нè ослепи; ќе свикнеме да живееме во темница, ќе заличиме на буфови...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дали некој був се пикнал во дупката или друго ми се привидува?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ехото доаѓало од две страни, од местото на ранетите и од дувло на ноќна птица; потоа бувот му се вратил преплашен на својот мрак - оние што не биле зафатени со ранениците се раздвижиле преку чуките и по суводолиците да го собираат заборавениот добиток.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отсега, ќе живеат тајно, во шумите: таа, Мајката и тоа, под светлината на денот – жилаво итар немирко што се провлекува низ најскриените патеки или мрзеливо, оптегнат на карпата, ги впива сонцевите зраци; откако бувот ќе зачуди - - змивче, што нечујно се претопува во темнините, во потрага по птичји гнезда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Вака, овргалени, како на був на пладне.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се сеќавам, еднаш, тоа одвратно огледало се запна да ми докаже дека ушите ми се клапушести, еднаш пак дека морам веднаш да искубам половина од влакненцата од веѓите, зошто такви какви што ми се ме прават да личам на був, а пак едно утро, ох, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некаде од вкрстените греди на зачадениот таван, каде што можеше да се крие уште некој був, се огласи засипнат звучник - до бескрај пуштана бескрајна лента на народна музика.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оџите од џамиите се јавуваа веќе двапати, гледајќи одозгора во ноќта како буфови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наеднаш прелетува лиљак. Злогласно, грозничаво зави був.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)