бунгур м.

бунгур (м.)

На пример, опурчаците — за олути на нови опинци, некоја шутка — за собирање суво зелје, суви сливи, круши, бонгур итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така се погодија јатрвите: Доста да го зготви петелот со компири, а Митра — тепција со свинско месо, малку оризец и бонгурец, бидејќи и крмнакот веќе беше заклан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама за солта нема како. Солта не се сади, не се бере, а не можеш да ја прескокнеш. А ја прескокаш, сркаш бунгури, јадеш леб глекав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојде и Куно Бунгур. „Слатка им е ракијата. Борис Калпак не ја пушта абердарката од раце. Појди, опамети го.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Хихихи, и хохохо, и хахаха - ужасно весело и со 'рскот на здруженост татнело околу него. - Што сакаат од тој стар човек? со страв седнал до Куно Бунгур најмладиот од дружината и сведокот на недоразбирањата и разбирањата помеѓу златнодамкавата Фиданка и петелот во човечка кожа Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)