варен прид.

варен (прид.)

Ѝ беше пријатно да го гледа, да го слуша како и раскажува „закон божи", историја, природознание и друго; како одговара пред учителот без запирка и како лапа кај нив варена тиква, компири или кора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вареното дрво крцна под јаките заби, на нивните врвови се собра сета негова мака.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ што се гледа се продава евтино и без мака: за печени јаболка и дуњи, за небет-шеќерчиња, стопарчиња, варени компирчиња, кисели пиперчиња и друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Многу манџи се готват таму, има ресторани, кујни, и од секоја мириса на пржено, на варено, на печено...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чувствуваше глад за леб, за варен или печен компир, за пржена сланина, но му беше потребно подолго време да си приготви таква храна, па мораше со нешто да го залаже својот изгладнет стомак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Децата трчаат наваму, натаму, давајќи му поголема веселост и раздвиженост на овој собир, жените одат една до друга, си разменуваат парчиња погачи, сирење, варено жито, а мажите, распоредени по маали, седат на зелената трева во големи кругови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отрчуваме пред меаната од Доксима Тренчески. Доксим излегува со велка варена тиква в раце. Ја чу вревата и излегува на врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој го крева месото над главата и вика, талалика: - Чекајте, луѓе, вика, чекајте да го свариме, па варено ќе го делиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пливам по снегот, а нешто ми примирисува на диња, на кајсија, на варено овошје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Да има сега една ракија, вели Цветан, и една здробена марула со варено јајце и сушени маслинки...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никифор Ганевски рече: „Не верувам дека по смртта се оживува. Од варено зрно не никнува пченица.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да, тој ќе стори нешто, навистина. Лицето му било како полеано со варено зелје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пред уште сите да се соберат пред првата двоколка и пред уште да се сетат дека идните мртовци ќе ги закопуваат без да ги завиткуваат во бело, неискапени и непроменети, без варена пченица и без запален темјан, Онисифор Проказник кренал рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еве, и јајцата се варени; две ќе ти се доста. И пиперка, и два патлиџана и парче сирење.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Внатрешните органи – кумановски мезал’к – по варењето не можам да си ја проветрам кујната.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Наполнет Пиштол! 104 Омнибус фантастикус: Илјадалетно Изметолетие -Само за личности над 21 година- Сегашност Имав потешкотии со варењето на храната, бубрезите, хемороидите... и сите болести кои постоеја на светов.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе