вее св. и несв.

вее (св. и несв.)

УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Па и кој ли ветар вее и ме фрла в силен студ: дали сенка на див силен ели страден мајкин лик?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Стоеше така долго, загледан занесено во колоната, што се губеше во далечината, по тоа крена поглед нагоре кон знамето, кое што се вееше на високиот јарбол.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таму се вее крваво знаме, на знаме пише: Смрт на фашисти.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ко спомен тој е на деветстотрета, на Прохор Пчински, на Мечкин Камен, о, расти, цути Републико света, во гордост веј се, алово знаме!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тих ветрец вее - низ стрмни странки, се буди гора, - шушкаат гранки, - асики танки...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Востанал народ, знаме се вее, в Крушево камбана ѕвони...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Зар не се вее златниот полумесец од Багдад до Виена, Техеран и Тунис?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој не беше пијан, ниту некој од оние неранимајковци, што ветер ги вее. Сосема не. Прибран човек. Темелен. На место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во душата му гореше само една желба, да стигне поскоро во Крушево, да го предаде писмото и да го види како се вее слободно македонското знаме. Слободно македонско знаме!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека надвор вее снег, Лидија и Зоки гледаат низ прозорецот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И ви велам, додека оџаците чадат и облаците маката есенска си ја леат, соништата над спанковците шарени знамиња веат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И спијат децата и сонуваат: стобојни знамиња се веат и стобројни луѓе во олимписки труби дуваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Па чувствува секој снег додека вее како бела радост во срце го грее.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А сега малку фискултура! - си рече па појде до стреата, ја пронајде таму меѓу гредите широката дрвена лопата за веење на жито и со неа застана пред вратата од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Велам: прашајте од која страна на времето отидоа и какво знаме се вее врз коските на татковците ваши...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК