веранда ж.

веранда (ж.)

КРИСТИНА: Повелете на верандата. Таму ќе бидеме на мир, а и воздухот е почист. Поради фонтаната, а и езерото не е далеку.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Веранди, тремови и шупи, на врвот од планинскиот венец, в шума вметнати - овде Рене неколку недели требаше да го заменува главниот лекар.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Прозорецот е - за да не се излегува од дома, да се гледа и гледа - надвор, а таму, веранда и бездна голи разгалени стебла есенска гримиорна светлина во одблесок и процес секогаш бледа налик на покојник и лизгава како ползавец и скотна како бубачка, па лазе, подлазува лази буба, лазибуба, апи апи аап...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не беше лето и не седев на верандата на стар конак, каде комарците се забиваат во будноста, сркајќи ја слатко запурнината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)