веројатно прил.
веројатност ж.

веројатно (прил.)

135. Иако Мисирков и во текстот не ја употребува оваа антиципација на мекоста, овде веројатно се работи за печатна грешка, па наместо туѓа треба да стои тујѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
28. До тоа време со Софија излегуваа два весника со насловот “Автономија”: првиот како “орган на политичките интереси на христијанското население во Турција” (1898-1902), а вториот како “задграничен лист на Внатрешната македонско-одринска организација” (I -16.7.1903). Мисирков веројатно го има предвид вториов.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Веројатно најправдива оценка на слабостите на ТМОРО направи Вториот окружен конгрес во Солун /1905/, непосредно пред одржувањето на Рилскиот конгрес на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во мојата природа има нешто многу еснафско: веројатно затоа сум станал адвокат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие веројатно и не знаат што е месечар и не сонуваат смрт под палмата на Никола. Можеби не знаат ни што е палма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веднаш по паѓањето на Ѓорчета, токму во спротивен правец од Младичот и Ивана, почнаа да бегаат некои луѓе. Веројатно исплашени од пукањето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Иванов, за мене, веќе смислува нов Ѓорче Петров, го именува веројатно Димо Хаџи Димов или кој знае како, и се готви, веќе утре, да ми го порача мртов, со истата закана - ... дека ако не отиде главата на тој нов Ѓорче, ќе отиде - мојата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Веројатно млад џентлмен кој нема милост кон парите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е веројатно чиракот од казанџиската работилница, еден жив момок кој понекогаш го сретнуваше и секогаш му се насмевнуваше пријателски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Веројатно мајка му приготвила за него слатки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Играјќи се зад зградата децата најдоа едно врапче коешто, веројатно, паднало од седлото.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Шестиот, што не можеше онака бргу да се искрие, сигурно доста искасан, а веројатно некаде скраја и закачен од неговото зрно, си ја влечкаше доста бавно својата болка нагоре, накај шумата, потскокнувајќи само на трите нозе, со една притаеност брзајќи да ја искрие и својата тронога сенка меѓу сеништата на дрвјата на белата шума под месечината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Досега многу пати чувте за баба му на Зоки Поки. Но веројатно не го знаевте ова: - дека е тоа најубавата баба на светот; - дека е тоа најдобрата баба на светот; - дека е тоа најмилата баба на светот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во почетокот на оваа учебна година учителот веројатно насети нешто и ни наредни повторно да ги прередиме клупите и да се разместиме меѓу себе: - Не сакам да чујам за тие ваши поделби: горномаалци, долномаалци, - рече намуртен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред една недела, веројатно, беше последен пат: го извикаа во училиштето ветувајќи дека ќе му купат кошула и капа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ми го донесе Марко и ми рече да ти го предадам лично тебе. Веројатно ни објавуваат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веројатно во исто време тагуваа уште многу семејства во градот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Веројатно во последното прашање се содржеше она што Билјана го размислуваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Наидоа и неколкумина селани веројатно од околните села, но ниеден не застана на чешмата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе