вечера (св. и несв.)

Вечерта, како што си вечерале дома, му текнало на Велка за штркот како одел по бразда и како го удрил дедо му со остенот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ФИДАН: (Донесува тава со грав). Ајде, да вечераме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КАТА: Како би било да направиме вака, да вечераме и ти Анѓеле, да си одиш сам вечерва дома, а ние утре, кон некоја доба, од како ќе поујдисаме, кон ручек да дојдеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
СОФРЕ: Ќе дојде. „Да вечерам — рече — и еве сум станувам“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Ништо, ако не да вечераме, пак може низ вечера ќе ни падне на ум како да направиме. Што ќе речете?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се разделив од нив чувствувајќи се како виновник затоа што имав каде да спијам и што да вечерам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус", и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето", се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ами, ајде јас да стана да си ода, а вие вечерајте си па легнувајте, за утре порано да бегаме.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Бавно вечераме и се пречкаме секогаш за исто и на ист начин - каде води сликарството на нашиот век.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И една прекрасна вечер јас можев, по претставата, да вечерам со младата глумица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И обвинуваше. Што правам јас?, - ќе се прекореше и истиот час ќе го прободеше нејзиниот загрижен шепот „вечера ли?“ Не ѝ одговараше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
НЕДА: Во кујната. Им давав да вечераат.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Вечераше од неа пред прозорецот, што го остави отворен, за да не изгуби ниеден здив од таа настасана југовина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Чекај го татко ти да вечераме. - Не ми се јаде. Јадов кај Коце, - излага Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ставија да вечераат... Покрај качамакот имаше и сол и пиперки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Потоа ќе те вечерам, - рече дедото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како можам да те пуштам пржена и вечерана!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ништо, јас ќе вечерам и ќе си легнам. Уморен сум, - си рече Малчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пред огнот, кој во оваа свежа летна ноќ зрачеше топлина, наредени околу софрата, не да го вечераа туку го кркаа, се натпреваруваа, го гребеа качамакот и планинците и луѓето од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК