вистинит (прид.)

Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Задачата на уметникот сигурно и денес не е неа да ја премолчува туку отворено и вистинито да ја кажува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Околните дрвја, белината на снегот, ѕвезденото небо почнуваат да се вртат во ритмот на лудечки валцер. – Вака ги ловам – кикотот неземен, а толку вистинит, опчинувачки танцува низ изместениот простор . . . еден, два, три . . .еден, два, три . . .
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Мамо и ова го излажав. - Има ли нешто што е вистинито во тој твој состав? - праша таа. - Има. Еве слушај.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој никогаш не лежел со тебе цела ноќ на плажата во Камакура, никогаш не ги слушал твоите кошмари, никогаш не чул како целото твое детство се менува под тие ѕвезди, се менува и се превртува, додека твојата детска уста се отвара да открие некое ново минато, секогаш она за кое тврдеше дека е реално и сосем вистинито.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Доброто, Вистинитото и Убавото тој ги враќа кон нивниот локален корен, ги поместува вечните категории од небеските височини во кои тие се разбашкариле за повторно да ги врати на она мало парче земја каде што поникнале.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Геделовата теорема за некомплетноста вели дека ако се тргне од конзистентни аксиоми и ако се применуваат правилата за изведба, тогаш множеството теореми што можат да се изведат ќе биде некомплетно во смисла дека ќе останат вистинити теореми кои не се докажливи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сите овие слики можат да изгледаат убедливо вистинити, со жив впечаток за бројни замрсени детали, кои далеку го надминуваат сето она што поединецот го дозволува како постоечко во неговиот арсенал на свесно знаење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа ја отвори вратата. „Мамо!“ „Да.“ „Што е логика?“ „Логика? Па, мила, логиката е сознание за тоа што е вистинито, а што не е.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кај таквите светови (всушност се работи за environment-и, обликувани со компјутерска графика) доаѓа до совпаѓање на вистиностните со естетските мерила; што се поубави пројецираните светови, толку повеќе се вистинити.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но таман ќе заклучите дека е лажно кога од некаде пак ви доаѓа идејата дека тврдењево мора да е вистинито. Пробајте и ќе се уверите!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За да има дословно значење, реченицата мора да изразува или вистинита или лажна елементарна пропозиција, која им доделува извесна дистрибуција на вистина или лага на елементарните пропозиции.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ете, среде вакво опустошување, нихилизмот изгледа ко некаков релевантен, вистинит и длабок став.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А потоа набљудувањето е тоа што ни кажува дали исказите се вистинити или лажни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Екологистичкото инсистирање врз избегнувањето на страдањето може да е вистинито кога станува збор за животните, за коишто можеме да речеме дека се придвижени со инстинктот за самоодржување; но, кога станува збор за луѓето, важи спротивното - како суштества на јазикот тие битно се означени со силата на самоуништувањето, т.е. со нагонот на смртта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие го имаат токму тој призвук на невистинитост, но всушност се многу вистинити и тоа е она што е најстрашно. К: Повремено помислувам пак да ги засукам ракавите и пак да станам оптимист и да се обидам да направам нешто, но ситуацијата постојано ме тера да се занимавам со музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сите признанија што се изговорени тука се вистинити.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очигледното, лудото и вистинитото мораа да бидат одбранети. Труизмите се вистина, придржувај се кон тоа!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партиските истории можеа во извесна смисла да бидат вистинити, можеа дури да бидат и сосем вистинити.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На тие штички, тој род си ги запишувал родословијата, своите песни, приказни и слова за собитија вистинити и чудесни, истории за видни мажи, за подвизници, појава на опашести ѕвезди, големи потопи и поместувања на земјата, големи жетви и суши и уште многу важни собитија за еден род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе