вистинољубив прид.

вистинољубив (прид.)

Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви, едно по образ на грчката азбука, а други според словенскиот јазик.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Киевјаните се вистинољубиви луѓе и сите едногласно ми ја раскажуваа оваа историја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но колку и лагата и вистината да ги видоизмениле своите ликови, колку и да се извртиле поради упорноста на лажговците и слабоста на вистинољубивите, сепак тие никогаш не можат да станат она другото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Триесет навршив ете... Ми велеа сите Ист си ко дедо ти Вистинољубив, чист Така ми поминаа годините, дните – Во утеха дека сум бил алтруист! 1999
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ги гледав јаболката, го пулев и јаболкарот: вистинољубив, секогаш гордо исправен иако со многу горчина на плеќи - колку гризнувања на јаболката толку горчини на плеќи, колку горчини на плеќи толку поблаги јаболка и троа повеќе препознавања на стари и нови преправања.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)