витка (несв.)

Јас не можам среќна да бидам сѐ дури во мака страдниот народ се витка! "
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
ПЕТРИЈА: (Со цигара во устата, витка друга.) Сите тргаат тутун само кумот нема цигара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дува силен ветер, ги витка трските, носејќи го стреловито чунот по водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Штицата беше од обете страни потпрена на два камена и кога поминуваа преку неа, таа се виткаше и се нишаше толку, што се чинеше дека ќе се скрши под тежината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Зошто? праша Паљо; виткајќи во книже собрани отпушоци од цигари и плачеше од чад.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А тој, Арсо, се виткаше и мафташе со шишето понесен од некоја своја радост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ене го - се витка пред заглушениот тапан, мафта со полно шише, ги задавува сурлите со сребрени банки фрлени во нивното грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ама кого сум скрил!? Ништо не те разбирам! - ги витка рамењата Тоше и се чуди.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сега го гледаше овој друг лекар, а краевите на усните му се виткаа како врвови на вжештени игли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прстените во `рбетот му се трошеа и тој се виткаше стискајќи ги со брада ковчестите гради.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очите не го испуштаа живеењето на ова слабо пламенче што плаховито се виткаше, се смалуваше и наеднаш подрипнуваше како да се покајало за својата минутна слабост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И карпата разбрането се витка под чеканот. Не сеќава ни звук, ни тврдо отскокнување од камен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отстрана шибјето се витка пред градите и удира душмански по лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На патот што се виткаше по стрмната пола на планината постојавме неколку мига.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По првиот сон го разбуди студот, па како што беше лесно облечен, цела ноќ скокаше, се виткаше, си ги триеше измрзнатите меса.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го наложи и го остави да се витка од болките под тремот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе