вишок м.

вишок (м.)

Еве ти вишок билет за премиерата – оди, учи, глеј како се пишува!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сиот вишок на разно обоени материи во стомакот го исфрлав преку влакнестите отвори во шолјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се работи за вишок на естетизација и уметничка трансформација на секојдневното: машината, според вообичаената претстава, е неуморен конструкт, „дига рака“ на самата себе, се уништува, а притоа насилството го извршува на што е можно поестетски, сетилно привлечен начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Доколку петнаесетте земји што произлегоа од стариот Советски Сојуз денес произведуваат онолку нафта како пред три години, само Русија би имала вишок на платниот биланс од 20 милијарди долари годишно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А 160 милиони потрошувачи со 20 милијарди вишок платен биланс, за нас западните Европјани го претставува тој посакуван двигател на растот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бевме најмалку осум вишок!, според мене, сметајќи го оброкот!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа е доказ дека на Божјата заповед, според која мажите мораат да бидат обрезувани, намера ѝ била да го сузбие оној вишок во жената, имено претера­ното телесно уживање”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој беше вишок од последната војна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сетете се на Птици. На лицето на Типи Хедрен нема ниту еден вишок израз. Секој израз значи нешто.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Компаниите постојано ги пополнуваат рестораните и супермаркетите кои не чуваат резерви на храна за повеќе од неколку дена а сепак не создаваат ниту недостиг ниту вишок на производи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние сме седумте вишок, џуџиња што ги измисли Добре, најдобриот човек на светот. А бевме 77, нели! - Аха.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Работеше сѐ што беше потребно - готвеше, переше, крпеше, го местеше креветот, го метеше подот, бришеше прав од плочата над каминот - секогаш мошне бавно и со чудно отсуство на секаков вишок од движење, како восочна кукла што се движи сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа го јаде вишокот на потрошни стоки и помага да се сочува специјалната ментална атмосфера што му е потребна на хиерархиското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во принцип, воениот напор се планира така за да го изеде секој вишок што би можел да постои откако ќе бидат задоволени најнеопходните потреби на населението.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Реков дека она „ми“ е вишок, и дека е перфидна импутација; но реков дека може да се каже „да“, и дека повеќе верувам во Свети Петар одошто во Партијата на здравиот народен дух.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некогаш, пишуваше тој, половината од нивите, шумите, говедата и овците во Маказар, биле на родот Поцо, но подоцна семејството, или семејствата, осиромашиле, а по Втората војна и тоа што останало, било земено од државата како некој неправедно создаден вишок, кулучко богатство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие работат врз следниов принцип: ако дојде до испуштање на недозволено количество на материи - загадувачи или вишок топлина, тогаш се активира светлосен или звучен сигнал од 15 секунди.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мојот стомак, кој и онака ги имаше присобрано сите вишок масти и килограми на моето тело, небаре невидлив магнет за маснотии му се беше заглавил околу папокот, сега беше скоро двојно поголем од неговата нормална величина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Акварел Земаш вода, боја, четка ризик, многу ризик плус страст, вишок страст отаде доброто и злото еден нескротлив гест и зафаќаш со еден потег цел несогледлив амбис окно под свеста, под себеси го повлекуваш пругоре вовреното црево го вадиш од дното на сликата без право на дополнителен влог без шанса за поправен испит или прошка и го овоплотуваш змејот прекрасното чудовиште заумната фигура!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не разбирајќи ја иронијата во која се нашле, наместо да се почувствуваат како вишок на самите себе, најтрагично од сѐ е тоа што тие луѓе за себе мислат дека се победници, па продолжуваат да се хранат со фалби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе