вклопи св.

вклопи (св.)

На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Градот беше разбеснет (Етхем-паша добро го знаеше коренот на злото што се вклопуваше во душите на неговите синови).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Букурештанските архитекти како да го положиле тука својот најтежок испит: успеале совршено да го вклопат старото и новото во архитектурата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Осмоаголните форми на црквата и камбанаријата многу успешно се вклопени во целата модернистичка архитектура, со која изобилува главната авенија на Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Возбудата поаѓа од окото – чудесното постои во стварноста и се вклопува во нејзиниот природен тек.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А ни името не ми се вклопува во парискиот надреалистички контекст.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јасно им се велеше дека „јужната република“ никако не се вклопува во големите планови, или ќе избрза или ќе задоцни во основните стратешки определби.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа неговата книга изрично се вклопува во текот на европскиот национализам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако се вклопува, во ред; ако пак испаднат несварливи, повторно е во ред, зашто ќе го потсетат гледачот на артифициелноста на правењето филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доколку тоа се вклопува во нашиов разговор, повеќе би сакал, наместо непосредно да ви одговорам, да се впуштам во бескрајна анализа на реченицата: „Јас, јас сум, јас сум роден“ - кадешто времето не е назначено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Консултирањето со Ји Џинг за Кејџ не беше тежнение за априорно прифаќање на принципот изнесен во таа книга, туку резултат на вклопувањето на сопствените начела во механизмот на функционирање на Кинеската книга на промени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ги повикуваше луѓето да се „вклучат, вклопат и откачат”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа не се вклопува во ниедно правило. Дури ни во своите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Винстон беше свесен дека тоа не се мислеше сосем сериозно, но на некој начин се вклопуваше во генералната идеологија на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да сакаат да се вклопат во општото расположение, ракетните бомби сега убиваа поголем број луѓе од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тато Петре ја крена Мими на раменици, како што тоа го сторија многумина татковци, убаво гледаше и се вклопуваше во секоја иницијатива што одекнуваше откај бината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Прекрасно доживување, синко, искрено се радувам дека толку успешно си се вклопил во новата средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе