вклучително прил.

вклучително (прил.)

Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така станав Сказник, оти најдобро од сите овде ја знам уката на преподавањето сказни, уката на скажувањето и мечтаењето, која на одлагање се светува, оти сето задоволство човечко, вклучително и задоволството од слушањето или кажувањето сказанија, е во одлагањето на задоволувањето, оти по задоволувањето на потребата, страста во душата гасне како свеќа кога ќе догори во свешник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Синовите негови, вклучително и посвојчето Григур, уште за време на неговиот живот, продолжиле со врските и зделките со Турците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При онаа средба во јули, ме замоли да му ја дадам книгата на Алберт Сониксен, американски новинар и публицист, кој за време на востаничкиот период на почетокот од веков, се движел заедно со четите, вклучително, и во нашите краишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вклучително и можноста тој да е, да речеме, некој руски Евреин. Примерно. Или кој знаеш што!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
1. Макар што му одеа сите предмети освен математика и ја заврши матурата со одличен успех вклучително со примерно поведение, Миха не знаеше што ќе студира - се шлаеше по сокаци, на плажа, на корзо, скокајќи од една можност на друга, како бос по врели камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сите се клештеа; вклучително и докторот кој им се придружи, како кец на десетка, иако беше кец ас.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како гостин јас имав предност прв да одам во тоалет, така што сепак измокрив седејќи на шолјата, потоа си ги измив забите и лицето, па си легнав, чекајќи сите истото да го сторат, вклучително и тетка ми која веројатно ќе го исчистеше тоалетот откако и сама ќе го искористеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зар не беше тоа предупредување за многуте тајни во врска со човекот кому му бев целосно посветена, вклучително и за оваа најубиствената, што сега се откри, а кое јас никогаш докрај не го доведов до мојата свест.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Позитивните аспекти на регулативата што се однесува на инспекцијата на трудот се задржани, вклучително и задолжителната инспекција при секоја, макар и усна, пријава од работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На овој начин, работодавачот грубо ги кршеше склучените договори за работа и на незаконски начин вршеше намалување на платите на работниците (вклучително и на платата на Лозановски) – при што одговорноста за ненаплаќањето на услугите ја префрли на грб на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во однос на прашањето за југословенско-бугарската федрација Стејт департментот сметал дека таквата федерација повеќе би претставувала пречка отколку фактор на стабилност во југоисточна Европа, образлагајќи го тоа со фактот дека "соседните несловенски држави, вклучително и Турција, тоа би го сметале како опасност за нивната безбедност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Моите студенти лезбијки и геј-мажи, вклучително и оние што подоцна го запишаа предметот „Како да се биде геј“, можеби биле баш скептични кон тврдењата дека некој обемен таинствен материјал во матните текови на американската популарна култура од далечното минато некако ја сочинува нивната култура, но не инсистираа дека геј-културата е апсолутно мртва.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)