влева несв.

влева (несв.)

Живото раскажување влеваше бодрина во настроението на Арсо и некоја убава топлинка струјкаше во неговото тело. ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Занесот со кој го изговараше овој збор влеваше во Анината снага љубоморно стреснување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Над училишната врата се вееше знамето, издупено од куршуми и влеваше леснина и радост во душата: слободата довтасала веќе, па еве ја, еве ја овде меѓу нас, нѐ гушка, нѐ милува и го брани ова делче од просторот слободно да дише ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нешто чудно се случуваше со него, некаква питомина и благост се влеваа во неговото срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Ќе залачкаат нивните, ќе залачкаат и нашите, — горделиво ги бодреше Андон од Дуње, кој со Толета требаше да му влезе на Арслана во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Помошта наша мала ќе биде, но кога веќе си дошол, ќе ги бараме заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, ајде влевајте внатре, ваа е наша куќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од Виданови Извори истекува прилично многу вода и по добро опкопан, а порано и редовно прочистван канал, кој се провира под Пазарџиски Пат, долу, кај Топоски Брестови, се влева во Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е единствената врска со светот. Но тоа не ти влева многу надеж.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И стравот е единственото што ми влева некаква утеха.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми влева утеха тоа што топлината и тежината на гениталиите во дланката како да ми се зголемуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како да се протолкува вистината на луѓето во ова запрено камено време, вистината за минливоста, крај оваа вечна река што се влева во блиското медитеранско море?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние бевме и дел од оваа бела материја, која во пресудното време на нашето раѓање и растење се влеваше во нас низ невидливиот поток на млекото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е точно таа интуиција што ни ја дава информатиката, и која влева доверба во истражувачкиот програм на AI.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во Иркутск е минус 40, на Флорида плус 30... Гргорат и се мешаат јазици, се преклопуваат насмеани и уплакани лица, живи и мртви, градови што настануваат и исчезнуваат, се мешаат географски точки, Амазон се влева во Црно Море, Волга во Атлантик...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воопшто не се впушташе во заводливото преплетување на философските и литературните жанрови, кои на крајот се влеваат во струјата на „општо случување на текстот“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На ова место анализите ни се вкрстуваат и влеваат во заедничко уверување: ние зборуваме на крајот, во последната етапа на лажно вдахновение на критичката свест, чии последни импулси можат да се спасат само под услов фрагментарно да се развластат, прецизно да се локализираат и формално да се дисциплинираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа некако ви влева живот и волја за борба.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе