влее св.

влее (св.)

Кузман ги запре со глава: им влеа тој храброст и веднашка гласник ни прати — в борба не викаше.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На ниедно од децата неговата насмевка и милозливост не им влеа доверба.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред него трепери сенка на еден од двајцата и, долга како кутнато стебло, минува преку неговите нозе за да се влее во темнината како река в недогледно море.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа Едо – авторот верува дека Едо и саскаше да се пофали, но и затоа што авторот нему му ја влеа нужната доверба – на масата го распростре планот за куќата со дваесет и пет соби и дванаесет бањи што планираше да почне да ја гради наскоро на една рудина каде што се подигаше нова резиднцијална населба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како што во песните од „Две тишини“ за првпат во творештвото на Поетот каменот (о)станува сал камен, така и воведните есеи допуштаат птицата на песната да слета на зборовите уште пред да се „опеснат“, фрлајќи сенка врз сѐ што се премолчало, што истекло од мислата, а не се влеало во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Случката го охрабри авторот иако не му влеа некоја поодредена надеж.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И обајцата, како да имале некаков историски долг да се влеат во патријархалната тврдина, да си имаат во неа заедничко одајче, како во кула, од кое ќе го гледаат ограничениот бескрај на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во нашето маало, со години, живееше легендата за мајката на Мајка Тереза која успеала да ги изгледа, со љубов и со достоинство, своите деца, а на ќерка си Гонџа ќе ѝ ја влее љубовта кон човекот и кон големата мисија што ќе ја оствари во текот на својот живот, во заштита на сиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега улицата живее од небото до Камениот мост А оттаму продолжува за да се влее Повтор негде далеку во ѕвезденото небо По мостот поминуваат и радоста и тагата на животот Помина по него и чадот од тратот, и молитвата На невестата што ја вградивте во темелите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше тоа крајот на медитеранското лето во Струга, но еден нов почеток на едно пријателство кое подоцна ќе се влее со својата дискретна и ненаметлива присутност и во моите дипломатски години, во заедничката потрага по убавината и толерантноста на човекот кога страда, кога трага во неговата поширока смисла и хармонија во потрага по заедничкиот излез ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да го смирам одот, да се влеам во овој источен ритам на живеење, во оваа чудесна земја, задржана како грозд на убавиот Медитеран, каде што и државните удари се одвиваа мирно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Чув, не можеш од мене да скриеш те издаде нечие присуство: дека побрзо ќе гниеш од сите кои со тебе беа, а не го признаа твојот удел Иако во дните страв беше влеал успеа да го земеш само она што ѓаволот го нудел... 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Познато ви е, нели, дека и најмалиот поток никој не го води, никој не му одредува патека по која ќе се движи, а сепак слегува во долината и ќе се влее во големата вода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неосетно оставив и моите размисли да се влеат во молкот на лицемерно- растревожениот собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја исполни чувство на живост, и тоа ѝ влеа чувство на забава и желба да трча и да скока, како што правеше кога беше мало девојче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе