внесе св.

внесе (св.)

Испотени, мртовецот го носат; и во тремот го внесоа тој товар скап, а луѓето се собрале крај мртвиот и немо приковале свој поглед тап.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Силјан во бојот никако не зел дел, чунки Аџијата го имал покрај себе и бидејќи бил гостин не го внесол во џенгот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во оваа книга, ќе речат тие, се внесува раздор и разединување меѓу нас наместо соединување, коешто сега-засега ни е толку нужно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие млади Македонци, воспитани во Србија во народен, т.е. во дух да ја сакаат најнапред својата татковина и својот народ, па после човештвото, заминувајќи во земјата каде што нема национално самосознание, а наместо него полн индиферентизам кон народните интереси, внесоа во неа нова струја од национално воодушевување и работење за ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
БОЖАНА: (Внесува од мудбакот газено ламбиче без стакло и го клава на огништето.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- А ако можел? се придигна Петко и му се внесе в лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дебелата вдовица, на Димка мајка му, му се внесе в лице и го прекори со глас од кој срцето ми прскаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми се внесе в лице, беше млад и загатлив признак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Токо, пак, ајде да а вида шо домаќинка ќе биде, кој знае ошче какви ли новини не ќе внесе во ваа куќа?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој можеше и понапред да ја внесе борината, ама не е адет машко да присуствува на задовање дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај него ќе ги остави ѓакот и тој ќе ги продаде сите тае работи и колку ќе чини „кабул“, толку ќе внесе во манастирската каса, која всушност беше Сталевото ќесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тие два тона младата мајка внесуваше некоја чудна радост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му се внесе в лице, се претвори во две огромни очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го ослободија од платнениот оклоп и го внесоа во бела самица со последен совет: „Биди мирен, Исусе. За твое добро.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе дојде мајка му, ќе го земе и ќе го внесе дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Да не мораш да го браниш она што си го внесол најубавото во тебе, со единствена желба да причиниш радост, да сретнеш сјај во сакани очи!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ова го раздвижи гратчето, внесе живост. Разбиена беше монотонијата на секојдневието.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дајреџијата му се внесе во лицето, целиот насмевнат и блажен, како да сакаше да му каже: „Ништо ти, комшија, не бери гајле, јас сум тука, јас ќе те одведам дома...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му се внесува в лице.) И за сева оваа работа - ни збор. Никому. Проговори ли...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе