внук м.
внуков прид.

внук (м.)

Тој никогаш, па иако копнејќи, не ќе стисне во преград внук. ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Си го зел со себе внука си Велка да му ги тера воловите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ете така, Силјане внуче, ќе си одиме, ич да не береш колку за тоа гајле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А моите внуци, еден господ знае што стока ќе бидат. Ама нека е аирлија…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ЈОРДАН: Слушај, ќерко. Ете, стрико ти Кољо те сака, да му бидеш снаа за внук му Јован. Го познаваш?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Тоа е приказна за дечиња, коџабаши, прикажувај ја ти на внучињата твои, а нам ако сакаш една песна да ни испееш, ама весела, бујрум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имав внук – тој сега ќе ви беше врсник и ќе работеше со вас ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А за дедот Петка и ова добро дојде оти додека многу од истераните селани гладуваа, а некои дури од глад и изумреа, тој имаше барем леб за себе и за внучињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нема сестри, нема брачеди, ни внуци на чие млеко да го задои нејзиното првенче. Уште како тешка таа си редеше и си мислеше: која баба, која задојница, која нарачница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Горе, внуче, наполни го пералникот вино, ќе плати поп Петко! — запален викна Пере, а Ѓоре го изнесе спремнатиот пералник со вино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Она дете, рече тој, - како да е внучето Бошково.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секогаш порано дедо Бошко и внучето Мартин сѐ заедно беа, си го кажуваа она што на никој друг не се кажува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе биде, ќе биде, и внукот со мустаќи ќе се закити, но уште е рано, тој нема ни дваесет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ете, внук ми е кај вас. Ме остави на Задушница, не оваа, ами ланската.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Капсула, до појас стегнат во меки гумени чизми, го тера дедото да му се качи на грб да го пренесе до ѓумето а овој се буни, одбива, но тоа сѐ некако тихо и неуверливо, плашејќи се внукот да не го послуша и да не го остави да ја гази водата леко пориена со тенка стаклена кора.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прво распаќе: По овој пат, внук внука ќе води векови. Рамнинава од плеќи планина ќе ја престориш од планина Непреод да протече.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Има еден пат од внуци и внуци непреод.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Внучиња, оваа каменеста родница не родила и сева корија и сиов камен што го гледате била - вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во оваа група попадна и Ангеле Трајков, внучето на дедо Богдан, кого што татко му Трајко и мајка му Велика си го исплакаа и се задоволија со неговото сестриче близначе Анѓа и постарото братче Јована.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе