воздржи св.

воздржи (св.)

Сѐ си велеше дека морал та затоа, ама сега кога го кажал Мирчета кутриот, не можеше да се воздржи да го најде а да не му се изнавика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Подобро да не го знаете, - рече дедо Лико и сепак не се воздржа да не почне да кажува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А тука Анѓа ја побара помошта и, не можејќи веќе да се воздржи, писна гласно колку грло што ја држеше: – Намашни, либе Стојане, Намашни Шарка и Мрча, Одбрани, либе, од волкот, Твоето рудо јагненце, – а очите ѝ се навирија со солзи почна да ѝ течат низ темните образи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој не можеше да се воздржи од возбуда и просто зарева: – Анѓо?!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЛУКОВ: (Се воздржува, ги прави последните обиди да изгледа спокоен.) Туку што не дошол. Ќе сети по миризмата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Секако дека не може да биде толку добро, тоа вабење, кога на некои им доаѓа и така, што тие тешко се воздржуваат да не се разврескаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се воздржуваа да си предложат да потрчаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шишман на братучедот се надеваше. Се воздржа макар што рече, ама сѐ почесто и почесто погледнуваше кон Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нешто како да сакаше да праша, но се воздржуваше. Подобро да молчи и да гледа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Турците спиштеа. Паднаа наместо уште двајца онбашии и двајца војници, а двајца лесно ранети, крвави, побегнаа назад кон Мелница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не знам како се воздржав и останав неподвижна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- На кој клас ќе предавате, - сепак не можев да се воздржам да не прашам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
БОЖО: Ти си опседнат со секс. ЈАКОВ: Да. БОЖО: Времето бара општо воздржување.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не се воздржа а да не заклучи дека, кога веќе би се работело и во неговото бившо претпријатие, сите би биле побогати, со поголеми лични доходи, со подобар стандард.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гласот малку ѝ трпереше, како секогаш кога се воздржува да не покаже дека е лута.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- А ти мислиш дека човеков е сега дојден, - ми вели таа мене ставајќи ми на знаење дека роговите сум си ги имал на главата цело време додека поради верност сум се воздржувал да згрешам со оваа жена која со толкава љубов ми се подава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Насетував како ми се полнат очите со солзи. Со сила се воздржував да не заплачам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И наставничката одвај се воздржуваше да не се насмее.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакаше да рече, нешто заповеднички, но се воздржа, па Чанга продолжи: – Ги гледате ли, почитувани граѓани нашиве јадри чеда, со лица црвени како јаболко, наспроти вашите кревки, небаре недохранети градски деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше јасно дека козарите нема да отстапат ниту чекор. Партискиот секретар беше бесен, но се воздржуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе