вообличи св.

вообличи (св.)

И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Онисифор Проказник со воздишка се ослободил од возбудата: од движењето и од облеката на сенката се вообличувало недорасната девојка, русалка во селско што сега нашла што бара и клекнала наведната и неподвижна над некој од заспаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со раната врамена во скинат опинок, со таа втора дамка што можела да ги врати кон многубоштво, тие знаеле дека старецот е мртов од птици до чело и верувале дека од изгниеноста под земја брзо ќе се вообличи издолжена подвижност, најпрвин пелтеста, потоа густа и стврдната, најпрвин човек-труп, потоа труп-земја, најпосле змија-отров за нечија несреќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми станаа јасни активностите со кои таа се обидела да го вообличи телото во прифатлива форма - во “послушно тело”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сметам дека пораките што ги восприемаме во голема мера се вообличени со формата преку која доаѓаат до нас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш тој погледна во нејзините усни на Црнкиња и во својот ум ја вообличи песната што Таа потајно се обидуваше да ја склопи во конечен звучен мозаик.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Набргу чадот се вообличува во дух со виолетово нашминкани очи и карминирани усни, а во ушите има по две тркалезни минѓуши. 114 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веројатно ја удирала раката додека свртувала еден од оние големи калеидоскопи на кои се „ вообличуваа“ заплетите на романите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со надеж неумитна ја барам земјата која постојано пред погледот ми бега, повеста која не дава да се вообличи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тие имаа неподелено мислење и за тоа дека Балканот бил вообличен од византиското и османското наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)