врба ж.
врбак м.

врба (ж.)

8 песна Крај Галичник постои ритченце малечко свето врби насадено сето.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И изморен патник замислено седнува овде, потпрен под некоја врба.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пусто остана полето, пусто зазори зората - чемрее в поле врбата, чемрее - тажи непознат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Натаму - в поле битолско чемрее врба проклета - под врбата незнаен гроб, в гроб лежи војник непознат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Никој крај него немаше - вишното небе врз него, земјата скришна под него, над гробот врба стушена.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Крај една осамена врба, на самиот крај од трските, Мече виде три плитки чуна, врзани за врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се притаи тихо зад врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ми дојде ли мори, продадена душо? — го сретна Милан Јована и му ја покажа сувата врба крај Вардар, што требаше да го заплаши Ѓура дека таму, на врбата, ќе го заврши животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа попладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините коњчиња се распаѓаа иако штотуку ги рашириле крилцата, малечките свенуваа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќе, Марија, ветрот умира во прегратките на жолтите врби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А кога тој ветрец ќе умре, ноќниот небесен жнеец сиот претворен во седефен срп, силен и напнат од нагон во 'рбетот, ќе се заплетка во влажните коси на врбите, ќе ги испие од белата кора сите сокови и лудо опиен ќе потоне во првиот вир. Тој, жнејачот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не, се подгрбави чувствувајќи дека ветрот се протега во врбите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ноќта полека ги довлечка до пустиот парк под виснатите гранки на смерните врби погрбавени во својата молитва.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ти ќе ги редиш овие работи, кога врбата ќе роди грозје! Разбра ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Далеку на хоризонтот заиграа бели пали. Тој погледна околу себе: и низ гранките на врбите светли отсеви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој сѐ уште не крева глава. Седи на клупата под врбите. Свенат. Замислен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе