врволица ж.

врволица (ж.)

Туку што стигнав до бакалницата на аголот, гледам: луѓе, врволица...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се стрчав и јас натаму, кога гледам врволица луѓе собрани околу двајца што сметнуваа обесен од едно дрво.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Врволицата од ученици и професори веќе тргнува низ градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога врволицата дојде пред конакот, валијата, со целата своја величина и достоинственост, се појавува на балконот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во училишниот двор - врволица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не прашувајќи го ни од каде иде ни на каде оди, Геро едноставно го грабна под рака и го поведе низ врволицата, викајќи му на уво: „Има цел век како не сме се виделе!”, како да не му се обраќаше на Ване туку на сиот оној народ што им се тргаше од патот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога слезе од возот, Ване не појде со врволицата по перонот па низ холот да излезе од станицата за да продолжи по улиците на кои во тие утрински часови се среќаваа само луѓето што одеа на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Долга жолто-сива врволица од туристи се влечкаше по долгата дубровничка улица; витрините од продавниците беа начичкани со капи украсени со ширити, со богато извезени елеци, привлекувајќи ги погледите на минувачите кои бараа евтини подароци или на оние кои бараа костим за маскенбал на брод.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја немаше онаа врволица луѓе која постојано нешто продаваше или купуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Врволика и голема грвалица го наполна џадето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)