врв (м.)

А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона: го стигна жалта својот врв.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа е едно, зашто практичните причини земаат врв над естетските, а друго, зашто последниве се релативни и повеќе субјективни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако нивното работење се овенча со успех, тие, а со нив заедно и бугарските интереси, ќе земат врв над туѓите интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
ТЕОДОС: И отрувачка да ми дадат, да земам! (Ја зема цигарата, скришум го кине врвот и повлекува, се накашлува.) Тхи, тхи, тутун. Ѓубре, труе! ПЕТРИЈА: Малку е серт, куме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Преку сцената пат за Водно, покрај патот густо дрвје, од далеку се гледаат темноцрвени покриви од градските куќи и врвови од дрвјата, над кои се извишува скопското кале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А тирани в радост жешка прославуат денот прв, што со туѓа крв јунашка стасале си земен врв. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Воздивнав и со обете раце затропав удирајќи одвреме-навреме и со тапиот врв на чевелот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Писарот се огледуваше во врвовите на своите жолти чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лисјата на големиот орев ситно затреперија од порекот, а меѓу нив една женска глава како да слегуваше пониско и пониско, така што му се стори дека дојде до врвот на оревот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Они се божилак, они се прснати капки од врв на земјата па за облаците врзани. He ќе ги заглушат во мене нивните стапки ветровите кон заборав забрзани.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со Цанета се спријателив околу Цветници, кога уште пред да смекне снегот на Шар-планинскиот врв во градот слезе првиот летен ден прескокајќи ја пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ја впиваше кон забите горната усна додека врвовите на неговите бели прсти удираа по светкавата револверска футрола.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пак мирисав на болница. Мирисав на смрт и на живот, на врвовите на моите чевли имаше понекогаш капка крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Момчето го чеша обрастениот тил и гледа преку бабината глава во модрите врвови на Козјак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе