врева (ж.)

По долги, меки ширини рамни магла се танка крева и по селата мали - заспали шумоли скришно врева.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Слегнеш ли долу в чаршија, минеш ли покрај дуќани - пукот и врева - работа и алат полно чекмеџе!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не ти се слуша ли?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОП ЈАНЧЕ: Може. Без церемонија и врева. Гозбата друг пат ќе ја направи Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
До нив допираше нејасна врева од многу гласови, песна и тврди удари по камениста земја.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се крева врева таму и тука; нов ден се раѓа, нов живот чука, - еј, зора пука!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Од дворот на гимназијата, најпрвин тивко а потоа сѐ посилно, долета врева на нејасни гласови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од старата кафеана во соседната улица се слушаше појака врева, придушено тропање на дајре, женски пискотлив глас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нѐ пречека чадлив воздух и пијана врева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Необичната врева што настана го разбуди малиот Мартина исто како кога замислено одите некаде, а некој одеднаш ве тупне по рамото одзади.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само направи врева: лошо куче залаја во дворот пуштајќи се кон портата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од пеколната врева сонцето испука и ја нападна земјата со усвитен дожд.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Селската врева ги бакна усните замислени и очите запловија во зелените езерца на ридовите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Најпрвин перон, изгубени погледи и видлив здив на луѓето - мали облачиња од нивните усти, извикнувања и кофери, врева и пискави шурки на локомотива.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дури се наслушнуваа пискотниците на гајдите, вревите од младите ораџии и песните од младите моми и невести.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почна врева и ѓурултија во задните редици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сред оваа бучна врева стоеја двајца белокоси стари луѓе...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вревата и шумот на моторите ненадејно спласнаа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И на шумовите - циганските огништа беа топли од детска врева и од брзи весели песни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе