всели св.

всели (св.)

Уште вечерва овде, кај Вас, ќе се вселат, тајно се разбира, четворица мои луѓе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само еден ден или само два дена уште, само два дена! Потоа иде победа и спокој ќе се всели во замореното тело. И среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И настојчивиот ритам на ова ноќно светулкање се вселуваше во душата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, сега веќе тоа со секој ден носеше сѐ помалку бол. Или тоа болта стрпливо му се вселуваше в душа, станувајќи од неа дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
6. Од праискони некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И во предел на дивна усама нѐ всели.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И студот што се беше вселил во колибата кажуваше дека поминала една студена, ведра ноќ. Ведра, што се однесува до небото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но кога наполно ја изгради и кога требаше да се всели во неа, да го мине во неа остатокот од животот, качаците го уценија да плати големи пари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Немаше ниту една година откако се вселивме во овој убав, нов стан и сѐ светеше во него од грижливите работливи раце на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Топла е летната ноќ но во нив се вселува бавно трпката трска на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Останува само птицата да тажи за седелото свое и оваа празнина што сака да ни се всели во виделото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повторно почнав со часови да го испитувам секој дел на ѕидиштето, тоа студенило што се всели во Кејтеновиот син и моето срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од тој ден животот во домот сосема ми се промени, ме напушти толку заканувачкиот страв што беше вселен во секое катче во домот, повторно можев да мислам на Сентерлевиот рид, на оној рид од каде што се раѓа сонцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги менуваше белите свилени кошули секој ден, а откако во него се всели неумоливата гушителка – туберкулозата, по три на ден.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Стравот повторно се всели дома, во Козар маало, ако по она малку надеж, помисливме дека нѐ оставил.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
I Уште кога се населивме крај реката, Калето ги плени нашите погледи и се всели во нашите души.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Си велеше дека и во него се вселил татковиот одисејски дух.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кон крајот на декември минатата година се вселив во својот привремен мидлтаунски стан и веднаш нарачав cable.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе