газиен прид.

газиен (прид.)

Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Влегоа во гостинската одаја со долга трпезна маса и столбови од резба, шарен ткаен килим на подот, ѕидана печка во ќошето, тесни прозорчиња со бели платнени пердиња собрани на средината со ширит и запнати за рамката од прозорецот да влегува повеќе светлина; на челниот дел од одајата иконата на свети Наум со запалено кандило; на едниот ѕид стара слика на манастирот; на средината од масата свеќник со свеќи; на полицата над масата газјена ламба од бел порцелан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Знаевме, не еднаш, со газиена ламба денот да го дочекаме во училницата, и без да се враќаме дома, да продолжиме на редовните часови од првиот клас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сопственикот штотуку запали една висечка газиена ламба која испушташе некаков нечист, но пријателски мирис.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ било како на големите приеми во Кралска Круна на Корзото, но изостанал само големиот сјај, бидејќи во куќата на Рајна Коцева немаше електрика туку само една обична газиена ламба...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вдаховено, без запирка зборуваше Арето и го вознемируваше пламенот од газиената ламба висната на таванот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На средината на таванот гореше газиена ламба која ги осветлуваше, со чудна светлина, лицата на возрасните, та тие ми се причинуваа како светци слегнати од иконостасот на црквата Успение на Пресвета Богородица среде Ново Село.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога седнав ова да го запишам, во трето време, кога и јас ги имам годините на Караѓоз и Ване Мицо, вам лага, мене вистина, повеќе им верувам на сказните и приказните на моите раскажувачи кои веќе не се меѓу живите, зашто си верувам себеси и на ноќите со крцкавиот снег, и на играта на сенките, и на троглавата змија на амбарите, и на пагурчето со ракија, и на трепнежот на газиената ламба на таванот што ми беше свидетел за она што го слушаа моите уши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќерамидите ги редеа ноќе, на газиени лампи, од страв дека денски нешто ќе им падне на глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мракот влезе однадвор преку џамот и слугата дојде да ја запали газиената ламба што висеше среде собата со голем, бел абажур.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тука, под замаглената светлина на батериската светилка, ги проверуваа воените и офицерските книшки и потоа со тивко шушкање се подигнуваа гранките и ги пропуштаа дојденците во тунелот осветлен со две газиени ламби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)