гази (несв.)

Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега, тој сердар прочут падна в бој, и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега, а да ги брани нема кој ...“
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Дор е бил жив крал ни Марко, земља била мирна, не глобеха неја Турци, не газеха неја.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
ЈОРДАН: Е, ама Симка е чорбаџиска ќерка, тешко гази. Колку чини името!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОТЕ: Со толку ништо не е. Колкави снегови сме газеле, (покажува на појасот) дотука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Продолжија да одат, но Мече газеше како на игли, плашејќи се пак да не му се закачи некоја пијавица.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Газеа по полегната трева едно време, но набргу земјата стана наеднаш влажна.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пенчо подмижувајќи гледаше пред себе и газеше со полни стапалки. Како параден војник.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откај широчината доаѓаше Пенчо со зафрлена капа на тилот и длабоко завлечени раце во коланот. Газеше со војничка сигурност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Однекаде никна Пенчо. газеше со целите стапалки на оној негов познат војнички начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така готово ќе го газиш! Да не носе гаѓи и тој!
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Зазбиван, тој се искачуваше нагоре не погледнувајќи освен пред себе каде што му газеа нозете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И ме газеле копита на арапски коњи, далеку од сите оази на светот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти полека газиш, мислиш сега ќе спрета од некоја грмушка шљука или лештарка, а сојката, господ ја родил како шпион, ќе писне - бегајте, човек со пушка се доближува!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Не играј си, дедо. Каков сотона? кришум ме гази Капсула.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Јас цел живот ги газам планиниве и знам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тие ги гледаа во мислите своите деца претепани, измачени, гладни, голи и боси како газат во студената кал, како се тресат ноќе затворени во студените аништа, и... најпосле како сите ги обесил султанот во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Надвор, по влажниот плочник, газат зелени патроли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК