гајдаџија м.

гајдаџија (м.)

Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници по нос и по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гајдаџиите не дочекувале бели влакна во мустаќите. Умирале ергени.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа и вечерата ја приреди кај гајдаџијата Веско чија што жена ѝ беше сестра на Цара и која ја викна да ѝ помогне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
VI По враќањето на Комисијата од обиколка на терените, кметот приреди вечера кај гајдаџијата Веско; се јадеше, се пиеше богато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ме прашаа дали навистина мислам дека луѓето кои се залагаат за здрава народна уметност, со здрав народен дух се „опиноци и гајдаџии“. Реков дека да.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Кого исмејуваш ти, предавнику? Мене? Јас ли сум опинок и гајдаџија?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со такви гајдаџии и опиноци не се оди во номадизам; светот не се интересира за нив освен како за последни примероци на руралното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој сакаше да му предложи на Татко потрагата по заемките на занаетите и занаетчиите да ги побараат, такви какви што останале, во старата скопска чаршија до денешни дни: бакалите, берберите, бичкиите (ножарите), бозаџиите, бостанџиите, гајдаџиите, дограмаџиите, јорганџиите, казанџиите, калајџиите, касапите, кондураџиите, папуџиите, кујунџиите, терзиите, џамџиите и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)