гениј (м.)

Наставникот што му предаваше математика, предвидуваше дека ќе стане гениј.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сеедно, под едниот ѕид на урнатината (тоа сепак биле остатоци на манастир) Онисифор Мечкојад, величествениот гениј на ножот, стоел под светлоста на запалено парче од скршената оска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Задачата на поетите е тој национален гениј да го одбранат од суптилното продирање на странските идеи, да го прочистат јазикот заменувајќи ги германските зборови со латинско потекло со други, чисто германски изрази, да ја откопаат затрупаната ризница со народни песни и, на крајот, во својата поетска работа, да тргнат по примерот на фолклорот, таа состојба на свежина, невиност и совршенство каде што индивидуалитетот на народот е сѐ уште неосквернат со било какви допири и се манифестира со едногласие.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа епизода, имено, не го предизвикува само разгорувањето на националните страсти туку и, со денес веќе заборавените длабочина и острина, го оживува спорот меѓу нацијата сфатена како гениј и нацијата сфатена како плод на договор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имено, на општеството од поединци тој му го спротивставува Volk-от, а колонизацијата би ја одменил со националниот гениј, т.е. „со разулавеното потврдување на оригиналноста која е поставена како апсолут“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Додаваме дека Добрица Ќосиќ во извесна смисла е голем српски писател, можеби и татко на „националистичкиот Билдунгсроман“, чиј плебејски гениј не се исцрпува во јазичко-создавачката сила на неговата проза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас сум гениј за историја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој тип уметник е хиперинтелигентен крт, стаорец со фантастични рефлекси и интуиција на гениј, тој е алхемичар и научник, господар на дрогите и виртуоз на сарказмот - тој има авторитет пред криминалците и морлоците кои му се јатаци и често делуваат во негово име.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И конечно, тој релативизам кој науката ја трансформира во поезија, а поезијата во егзистенција е тој фактор кој му овозможува на секој медиокритет во дадена ситуација да се вивне до нивоата на божество и на секој уметник и гениј да пропадне до бедата на обичен месар на банални страсти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во нив се слави генијот на народот кој произведува од игла до локомотива на која еден ден ќе ѝ се придружат и вагони, по патот на нови железнички пруги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во умот на Водачот проблесна генијот, целата земја ќе ја претвори во бункер со трудот на целиот народ кој ќе се брани самиот од непријателите!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Притоа безрезервно се велича големината на народниот гениј, особено во партиските сфаќања на уметноста и нејзината служба во народот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Народниот гениј ги беше презел сврзните ткива на трите јазици со голема традиција и минато.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа вдахновено проповедај: едното е поделено на безброј цареви и арлекини скрбни и среќни нееднаквоста е врховно начело на Целоста, универзумот луминозен сферичен, фокусиран нематеријално материјален а ти кој посматраш, сфаќаш: генијот е разорна будност на супстанцата ѕвезден јазол на белузлавото јајце знак за дослух меѓу телесата данте, шекспир – параболи!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Лордот Хенри Вотон и сликарот на портретот, Холвард Бејзил, се ставаат во улога на исцелители преку реченици што се референца на нивната животна филозофија: „Ниту една жена не е гениј... жените се украсен пол...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Лошата игра останува како потврда за двајцата пријатели на Греј дека ниту една жена не е гениј и дека тој ќе има уште многу романтични доживувања во животот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бенедето Кроче веруваше дека генијот е способност за создавање дела, а вкусот – способност за нивна адекватна рецепција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од локалните гении им доаѓаат киселини, многу ждригаат, а понекогаш мора да скокнат до најблиската аптека по апчиња против пролив.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК