господар (м.)

И он отишел, влезнал дома, и скоро земал тефтеро, и видел жената на господаро курвила сос еден измеќар. Ама не гледал на них.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И прво падна раката со таа руса глава на мојот храбар господар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но Турците со тоа што нѐ нарекоа нас: рајати и ѓаури, гледаа на нас како на луѓе не од извесна народност, а што се во а извесен однос спрема нив, господарите и правоверните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но освен Турците, по загубувањето на нашата слобода, наши „воспитачи” и господари станаа Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Страшен и семоќен ми се стори крај шарениот глобус - како господ, господар на Земјината топка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И тоа не е сѐ. Пред коњот се ниша и четвртата судбина, господар на другите три судбини: средовечен човек со долг стап в раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кај јас знам да влезам кај нашиот господар?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што: Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник – тебе пресветли царе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој веќе се виде во положбата бег на Мариово и господар над сета таа раја, та се породи во неговата глава една егоистичка мисла, но и благородна – спасителна барем за децата, жените и старците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Господарот брзо се сврти. Неговиот поглед крвнички се впи во Аргир и како со клинец го пронижа. Но само за миг.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие како да беа рамнодушни, што убавата преспанка им го навредува господарот, одбивајќи ги неговите дарови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој беше господар, а кај господарите беше и оревот и каменот!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Сте го добиле своето, туку јас би му го одредил тука местото и на вашиот господар.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Кој им заповедал? Кој? - Сами, господару! Никого не слушаат!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стрела сама се упати по него. Дали со желба и чувство да го заштитува својот млад господар, или од страв да остане сама?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Доста, - нежно ја плесна Бојан по муцката, па и таа отстапи чекор, два и со крената глава го гледаше со своите умни, жолтеникави очи својот млад господар, очекувајќи ја неговата повторна покана за игра.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стрела беше крај него, со крената глава, спрчнати уши, споделувајќи ја со својот господар неизвесноста и безнадежноста на чекањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе