гостува несв.

гостува (несв.)

Марија, да се насмееме, во градот гостува циркус, и предложи. Кловнови, шарени императори на смеата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И пред нашето гостување најдовме напишано: „Ве чекаме, како слободата што ја чекаме".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кинески циркус во главата ми гостува.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кинески циркус во собата ми гостува.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кинески циркус Кинески циркус гостува во собата моја малечка.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Текстовите кои следуваат се одговори на моите две барања; едниот е напишан пред гостувањето, а другиот во текот на повратниот лет за Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На страницата на културната рубрика стоеше изјава на министерот за култура: „Нема средства за џез-фестивалот“, изјавуваше тој, а во текстот стоеше: „Годинава, за првпат во петнаесет години, нема да се одржи градскиот џез-фестивал, на кој требаше да гостуваат реномирани светски уметници“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме одведе на периферијата, и јас, штом слеговме од автобусот, видов дека во градот гостува циркус.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А си чула ли - ми велат дека кај нас гостува ДИЏЕЈ познат Појди флаери се делат па веќе целиот град дозна Ги прашав: Што мислите колку човек знаење треба да има за пирамида да направи една?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Популарните, славните, своите гостувања секогаш ги условуваат со листа на барања.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК